– Условите во кои досега работевме беа слободно речено нехумани. Со оваа донација ситуацијата значајно се подобрува. Имаме пет нови болнички соби со апартмански сместување на децата со пратилки, една соба за интензивна нега што досега не постоеше на нашето одделение, како и еден ЕХО и ЕКГ-кабинет, истакна Добрила Зимоска – началник на Детското одделение. Заблагодарувајќи се на донацијата, таа нагласи дека Општатата болница ќе се вклучи во активностите за доопремување на објектот,
со потребната апаратура.
Претседателот на охридскиот „Ротари клуб“ Зоран Вељаноски – Летра, истакна дека донацијата ќе им користи на сите деца, најавувајќи дека членовите на здружението ќе помогнат во доопремување на просториите.
Пуштањето во употреба на реновираниот оддел на Одделението за детски болести при Општата болница во Охрид, се совпаѓа со одбележувањето на шестгодишнината од основањето на Ротари клубот – Охрид.