Деновиве заврши  уредувањето на училишниот двор на ОУ „Христо Узунов“ во населбата Горна Влашка Маала.


Комплетното уредување на дворот и стазите значеше и комплетно поплочување  со   бехатон-плочки во површина од 1.500 метри квадратни. За новиот, убав изглед на дворот на  едно од училиштата со најмногу ученици во општината, беа издвоени околу 1,1 милион денари буџетски средства, соопшти локалната самоуправа.


Од локалната  информираат дека инвестициите во училишните објекти на подрачјето на Општината
предвидени со годинешната програма  се реализираат според предвидената
динамика. На почетокот од годината беше заменета комплетната дограма на Гимназијата за што биле потрошени 4 милиони денари.

Ohridnews