Фудбалерите на Охрид и Ренова, утре (сабота) ќе ги продолжат контролните натпревари во подготвителниот период за продолжението од Втората односно Првата македонска фудбалска лига.
„Гипсарите“, во 12 часот на теренот со вештачка трева ќе ги одмерат силите со Кораб од Дебар. За составот на Ренова ова ќе биде последен натпревар во Охрид во рамките од десетдневните подготовки.
Тимот на Охрид, на Градскиот стадион во Струга во втората тест средба ќе се судри со Караорман. Мечот се игра во 13 часот. Охридските сино бели вчера со минимален пораз 0-1 од Мачва ги започнаа контролните мечеви во периодот наметен за подготовки.
Натпреварите во Првата лига стартуваат на 15 февруари, додека второлигашките возбудувања стартуваат на крајот од месец февруари.
OhridNews