Судбината и продолжување на Првата македонска фудбалска лига се неизвесни откако позитивни случаи на вирусот Ковид -19 имаше во тетовските екипи, Ренова и Шкендија. Фудбалскиот клуб Ренова во кој имаше пет позитивни членови на коронавирусот објави дека сите комплетно заминуваат во карантин и прекинуваат со тренинзи.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) исто така испрати соопштениет во кое се вели дека будно ја следат ситуацијата и оти одлуката за продолжување на сезоната може да се измени.
При носењето на одлуката за продолжување на натпреварите од ПМФЛ, Фудбалската федерација на Македонија ги имаше предвид размислувањата и предлозите на сите клубови од ПМФЛ, но клучно при носењето на одлуката беше ставот на координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19 и клубовите од ПМФЛ чии претставници беа на состанокот во „Куќа на фудбалот“ и прифаќајќи го здравствениот фудбалски протокол недвосмилено дадоа „зелено светло“ тимовите да започнат со подготовка за враќање на натпреварите. Се разбира, постојано следејќи ја моменталната здравствена ситуација во државата, за ФФМ одлуката за продолжување на првенството во ПМФЛ не значи дека е безусловна. Во зависност од протоколот на државата, мерките и упатствата од здравствените институции, многу веројатно е дека промени во однос на таа одлука се можни. Соочени со пандемијата и досега потврдивме дека една работа на сите нас ни е посебно јасна: Здравјето е на прво место. – велат од ФФМ.
Освен во Првата МФЛ, сите други активности во мак-фудбалот се прекинати.
OhridNews