Охриѓанецот Марјан Маркоски ќе го води реванш мечот од 1/8 финалето во македонскиот национален куп помеѓу Ренова и Вардар кој ќе се игра на Билјанини Извори.
Помошници на Маркоски се Грданоски Симе и Негриески Кире од Струга. Оваа судиска тројка го водеше и првиот натпревар кој на Градски заврши без победник 1-1.
Поради суспензијата на теренот во Тетово, Ренова како домаќин игра во Охрид.
Натпреварот ќе стартува во 13 часот.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com