Тетовска Ренова со триумф над албанскиот второлигаш Деволи (4-2) ги започна двонеделните подготовки во Охрид. „Гипсарите“ низ подготовките ќе одиграат неколку контролни средби, а акцент ќе стават на воигрување на екипата.
- Фудбалерите и екипата во Охрид ќе го минат последниот филтер. После подгоговките во Охрид ќе имам јасна слика како ќе изгледа екипата за вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Првичниот план е да одиграме пет контролни средби но во зависност од нашите потреби можеби оваа бројка да се зголеми. – изјави тренерот на Ренова, Никола Илиевски – Џиџи.
Предвоникот на Ренова очекува возбудлива и тешка полусезона во Првага МФЛ. Првичната цел на Ренова е опстанок во елитата, а ако испадне прилика и нешто повеќе.
OhridNews