Прволигашот Ренова, утре (среда), со натпревар против охридскиот фудбалски клуб ќе ги заокружи подготовките во Охрид. Дуелот се игра во 10 часот, на теренот со вештачка трева.
„Гипсарите“ во контролните мечеви во Охрид победија со Јагодина 2-1 односно Велешта 6-1, а ремизираа со Работнички 3-3. „Рибарите“, пак, ја совладаа Јагодина со 2-0, а изгубија од Пелистер со 2-0.
Утре, покрај Ренова – Охрид на терените во Охрид и Струга силите ќе ги одмерат Пелистер – Работнички односно Тетекс – Кукс (Косово).
OhridNews