Напаѓачот на Вардар , Бобан Јанчески – Јанкер ги засили редовите на македонскиот преставник во Лига Европа,тетовска Ренова. По договарањето на трансферите на Статовци и Гаши од Милано , Јанчески е третото засилување за „гипсарите“ во овој преоден рок, а од таму велат дека по настапите во Европа дополнително ќе ја зајакнат и онака силната екипа.


На единствената контрола пред натпреварот со Динамо, Ренова во Охрид го совлада албанскиот Фљамуртари со 2-0, стрелци на головите беа Емини и Ибраими . 

И од резултатот и од играта сум сосема задоволен и сметам дека заслужено победивме.Сепак  резултатот ни беше во втор план и и поважно ни беше да пробаме некои варијанти и моменталната подготвеност пред настапот во Минск, од тоа како се покажавме на генералката сум задоволен – ни изјави Влатко Костов 


Стартегот на Ренова, Костов добро ја познава екипата на белорускиот Динамо Минск.Тоа е екипа со голем буџет која ја негува старата руска традција. Костов фаворитската улога ја препушта на домаќинот на првиот натпревар.   

Динамо Минсk е најдобриот  и најпознатиот претставник од Белорусија, тие се претставници на класичната руска школа, дисциплинирана екипа која со многу работа и со многу труд го крши својот противник. Нивниот буџет е сигурно 10 пати поголем од нашиот и имаат неколку интернцаионалци и со право тие се фаворит во овој меч. Но ние нема да се предадме и да отидеме со бело знаме. Аутасјдерската улога не ни е проблем, ние сме навикнати да играме како аутсјадери и успехот против таков фаворит би бил уште поголем  – смета Костов  

М.Постоловски