Есенскиот првак тетовска Ренова се интересира за охриѓанецот Гоце Толески. По заминувањето на Бесарт Ибраими во Шалке местото напаѓач остана испразнето, па гипсарите својот интерес го насочија кон Толески , кој по завршувањето на договорот со Славија е слободен играч.

Толески кој дел од својата кариера помина во тетовскиот прволигаш , преферира да направи трансфер во странство отколку да се врати во Македонија. Според информациите екипи од Кипар биле заинтересирани за него, но доколку не успеа да постигне договор надовр, не ја исклучува можноста да се врати во Македонија.

Повремениот македонски репрезентативец последните три години ги помина во Чешка, каде настапуваше во екипите на Мост, Славија и Сигма.

М.П.