Охриѓанецот Марјан Ецкоски е делгиран за главен судија на реванш натпреварот од 1/4 финалето од македонскиот национален куп помеѓу Ренова и Работнички.

Негови помошници ќе бидат Неделкоски Драге и Тодоровски Жарко. 4 – ти судија е Шулески Стефчо.

Бранителот на трофејот Работнички по првиот натпревар има високи 4-0 предност, па реванш мечот ќе биде само формалност.

Уште играат :
Дрита – Пелистер (2-2 по првиот натпревар)
Металург- Скопје (0-0)
Тетекс – Македонија ЃП (0-2)

М.П.