Екипата на Младост од Царев Двор, во која настапуваат екс фудбалерите на Охрид, Александар Велески и Игор Клечкароски претрпеа пораз од Ренова 2-1 на „Атина Бојаџи“.

Покрај Велески и Клечкароски во тимот на Младост Двор се наоѓаат поранешните фудбалери на Охрид Лоте, Волчески и Калајџиески, а нив друштво му прават битолчани Тони Велјаноски и голманот Сашо Коруноски.

Ренова в сабота во 11 часот против Борац од Чачак ќе го одигра последниот натпревар во Охрид додека Младост следната недела ќе се сретне со Пелистер.

Мх.П.