Тетовска Ренова на подготовките во Охрид ќе се обидат да стигнат до квалитетено решение во нападот. Една од желбите на “гипсарите“ е поранешниот нивни играч Бобан Јанчевски.
– Ја следиме ситуацијата во Вардар и чекаме разврска, сепак нашето трпение има крај, доколку деновиве не го добиеме ќе се свртиме кон играч од страна– вели Влатко Костов, стратегот на тетовци.
Екипата на Ренова во првиот дел од подготовките ќе се подготвува “физички“, додека петте контроли ќе ги одигра од 14 до 21 февруари. Контролните средби ќе ги започнат на 14 против Охрид, на 16 играат против Силекс, на 18 против Победа, на 20 против Работнички и последната контрола ке ја имаат против Напредок на 21.
Своето доаѓање во Охрид го потврдија српските второлигаши Слога Краљево, Нови Сад, Напредак Крушевац, па се очекува тие да бидат спаринг партнери на нашите прволигаши.