Домаќинот на натпреварот од 1/8 финалето на купот, Ренова им го откажа гостопримството на Вардаровите “Комити“.

Со допис до ФФМ и ФК Вардар, Ренова побара навивачите на Вардар да не доаѓаат во Охрид, бидејќи не им ја гарантира нивната безбедност.

“Комитите“ пак најавија поголема група навивачи кои ќе пристигнат во Охрид за да го бодрат својот тим. Како што ohridnews дознава комитите за овај натпревар ќе ја имаат и безрезервната подршка на охридските “рибари“.

Натпреварот како што дознаваме не е прогласен за натпревар од голем ризик, но имајќи ја во предвид историјата на меѓусебните дуели помеѓу овие два тима, отварање на очи “двете  –  четири“ не би било на одмет.

М.П.