Тетовска Ренова со тренинг на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ ги започна десетдневните подготовки во Охрид.

– Охрид е наша база и тука ќе ја одработиме втората фаза од подготовките. Првата целосно ја минавме во Тетово тренирајќи без топка. Во Охрид ќе ставиме акцент на тактичките тренинзи и ќе одиграме неколку контролни натпревари меѓу кои ќе го склопам мозаикот за „првата екипа“. – изјави Влатко Костов, кој после пет години се враќа во тимот на Ренова.

„Гипсарите“ во текот на подготовките ќе одиграат неколку контролни мечеви. До сега потврдени се дуелите со Победа на 9 јули (недела) во 17:30 часот и со Гостивар на 12 јули (среда) во 17:30 часот во Охрид.

OhridNews