Српскиот третолигаш Раднички од Ниш го совлада аспирантот за висок пласман тетовска Ренова со 1-0 на подготовките во Охрид. Стрелец на единстевниот гол во првото полувреме беше Пауновиќ.


За Ренова ова е прв пораз на поготовките во Охрид. Претходно го совладаа Охрид со 7-0 и Силекс со 3-2.


Во продолжение на подготовките “гипсарите“ ќе ги одмерат силите со Работнчки а последната контрола ќе ја имаат против Напредок.

ohridnews