Охрид и “Билјани Извори“  е изборот на тетовскиот прволигаш Ренова за подготовки во  пресрет на вториот дел од сезоната. Ренова првиот дел од превенстово го заврши на третата позицја,  а беше елиминирана од Работнички во ¼ финалето од купот. Во продолжението на сезоната преку првенстовото ќе се обидат да обезбедат евро – излез и наредната година.  

“Гипсарите“се редовни гости во македоснкиот бисер, а есенва поради суспензијата на стадионот под Тетовското кале, одиграа пет натревари како домаќини во Охрид.


Екипата на Костов, во Охрид вкупно ке мине 15- на дена, но престојот ке биде поделен на две фази. Онаа првата ке биде од 23 до 31 Јануари кога акцентот ќе биде ставен на физичката подготвеност, и повеќе ќе се работи во теретана и сала, додека втората фаза ке биде од 13  до 21 февруари за кога се планирани одигрување на пријателски натпревари.

–  Добро ни се познати условите во Охрид, така што нема да експериментираме. Подготовките ке ги запо;неме во среда во Тетово по што ќе трансферираме во Охрид. Првиот престој ќе го искористиме за базична подготовка, додека во вториот во план сме да одиграме пет пријателски натпревари, одредени се термините но не и противниците за тој период – не информираше Костов.

Во играчкиот кадар нема тектонски поместувања, двајца играчи заминаа, двајца дојдоа, а до старот на подготовките тетовци се во потрага на уште еден напаѓач.

Климатските услови и одлчината клима го става Охрид, на прво место во Македонија во изборот на базата за подготовки. Слабата инфраструктура на постојните и недостатокот на фудбалски игралишта е она на што треба да поработат градот и охриѓани за да бидат конкурентни на пазарот.

М.П.