Со дерби натпреварот меѓу Ренова и Академија Пандев попладнево од 13 часот во Тетово ќе биде отворено 15-то коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Второпласираната Ренова со минатонеделниот триумф во Велес ја прекина серијата од четири натпревари без победа и со евентуални нови три бодови ќе се израмни на табелата со второпласираната Академија Пандев.
Преостанатите пет натпревари се на програмата в недела со почеток од 13 часот, а се среќаваат Брегалница – Борец, Македонија ЃП – Шкендија, Пелистер – Скопје, Шкупи – Струга и Тиквеш – Работнички.
Табела: Шкупи 32 бодови, Академија Пандев 28, Ренова 25, Шкендија 24, Струга 22, Брегалница 22, Македонија ЃП 20, Работнички 18, Скопје 16, Тиквеш 10, Борец 8, Пелистер 4.
OhridNews