Прволигашот од Џепчиште, Ренова првиот тренинг по пристигнувањето во Охрид го одржа на новиот терен со вештачка трева.


– Одлична инвестиција ќе биде ова бидејќи на Охрид му недостасуваше ваков терен во зимскиот период. Со уште еден или два терени Охрид може да биде домаќин и на многу поголеми екипи – коментираат од тимот на Ренова.


„Гипсарите“ во Охрид ќе поминат две седмици, а ќе одиграат и неколку контролни натпревари.

Мх.П.