Есенскиот првак на Македонија во фудбал, тетовска Ренова, го напушти Охрид и се врати во Тетово за да продолжи со подготовките за вториот дел од сезоната во Првата Македонска фудбалска лига.


“Гипсарите“ во голем дел ги реализираа подготовките во замисла на тренерот на Ренова, Влатко Костов, но она што недостигаше се конторлните средби.Тетовци планираа четири а одиграа само еден кој го загубија од романската Дација.

Од клубот се надеваат дека ќе имаат повеќе среќа со контролите викендов кога ќе учествуваат на меѓународниот турнир „Вуко Каров“ кој се одржува во Кавадарци.

М.П.