Екипата на Ренова го уништи сонот на Вардар за двојната круна во македонскиот фудбал откако го елиминираше есенскиот првак во 1/4 финалето од Купот на Македонија.


„Гипсарите“ во Тетово со 2-0 го совладаа Вардар и благодарание на голот во гости постигнат во првиот меч (3-1) обезбедија пласман во најдобрите четири.

Полуфиналистите во Купот ги комплетираше Работнички откако „романтичарите“ со вкупни 5-4 беа поуспешни од второлигашот Еуромилк.

Ждребката за полуфиналните двојки е закажан за вторник 9 декември.

Мх.П.