Ренова ремизираше 1-1 и не успеа да обезбеди пласман во второто квалификациско коло од новоформираната УЕФА Европа Лигата.

Македонскиот претставник не успеа да го совлада белорускиот Динамо, а поради поразот во Минск од 2:1 е елиминирана од понатамошните натпреварувања

Фудбалерите на Костов идентично како и во Минск поведоа со голот на Ибраими , а Кисљак во 38-та минута од пенал го изедначи резултатот.

Ренова втора година по ред игра во Европа, минатата година “гипсарите“ стигнаа до второто коло во Интертото купот.

М.П.