За прв пат во својата историја, Ренова со закити со златен медел од Купот на Македонија. “Гипсарите“ во финалето одиграно во Штип со 3-1 го совладаа Работнички.

Избраниците на Костов со гол во 11-та минута го отворија резултатот. Во мешаницата по нафрлувањето на Гафури, најдобро се снајде Бајрами. По десет минути игра  во вториот дел “романтичарите“ израмнаа на 1-1. Стрелец на изедначувачкиот гол беше Маневски.

Одново фудбалер од дефанзивниот линија, погодува за Ренова. Левиот бек Ристовски ја враќа предноста по еден час игра 2-1. “Гипсарите“ титулата во Купот на Македонија ја заверија во 90-та минута, со голот на Гафури.

Работнички ја пропушти сламката за спас на сезоната, додека Ренова во својата историја ја додаде првата титулата од Купот на Македонија.

Мх.П.