Американската актерка Рене Зелвегер ги стекна симпатиите на филмската публика ширум светот кога прв пат го играше ликот на смпатичната Бриџит Џонс. Сега 14 години после првиот филм, „Дневникот на Бриџит Џонс“, актерката се врати во Лондон каде забрзано работи на припремите за снимањето. Третото по ред продолжение сеуште е во фаза на пред продукција, а како што стојат работите, во овој дел од филмот нема да има место за Хју Грант.

 

Од старата екипа освен Рене во филмот ќе игра и Колин Фирт, а продуцентите најавија учество и на актерот Патрик Демпси. Во претходните продолженија Бриџит е прикажана како просечна 30-годишна девојка која се бори против своите години, тежината, работата, неуспешните врски и многу други проблеми. Се внимателно бележи во својот дневник, а сега публиката ќе може да биди како Бриџит живее на 40 години.