Актерката Рене Зелвегер ги шокирала сите присутни кога синоќа се појавила на настанот „Жените во Холивуд“ во организација на списанието “Elle”. Славната актерка која претходно ги освојуваше симпатиите кај публиката со својата насмевка, денес изгледа многу поинаку отколку на врвот на својата кариера.
Славната актерка најмногу се прослави со улогите во филмовите „Џери Мегваер“ и „Дневникот на Бриџит Џонс“. Толку се променила, што многумина се запрашале дали станува збор за истата личност. Отечено лице, подигнати веѓи и глаткото чело поттикане шпекулации дека за нејзиниот изглед се заслужни бројни пластични операции.