Официјално било потврдено дека ќе се снима и третото продолжение на филмскиот хит „Дневникот на Бриџит Џонс“, а најомилениот британски филмски јунак без среќа во љубовта уште еднаш ќе го глуми Рене Зелвегер.
Американската актерка имала само еден услов кој го барала од продуцентите, а тоа било да немора повторно да се здебели како би ја играла Бриџит. Не се знае дали и во новото продолжение на филмот партнер повторно ќе и биде Хју Грант.