Раководството на женскиот ракометен првак во Македонија, Вардар ќе има полни раце работа по завршување на тековната сезона.


Заминување од „Јане Сандаски“ најави Сираба Дембеле, која го одбила понудениот нов договор од скопскиот клуб.

– И покрај нашите намери да ја задржиме во клубот, задоволни од досегашните нејзини настапи, Дембеле изрази желба да замине. Ние ја почитуваме нејзината волја, и и посакуваме многу среќа во нејзината кариера. Таа е пример за професионален играч кој максимално се посветува на обврските и дава се од себе за постигнување на добри резултати. Задоволство е секогаш да се работи со такви играчи“ – стои во изјавата на Давор Стојаноски, дирекстор на клубот.

Пред одреден период во медиумите се лиферуваше информација дека на излезни врати од клубот се наоѓаат Андреа Лекиќ, Андреа Кликовац, Јованка Радичевиќ, Ања Алтхаус и Маја Зебиќ.

Ако вистина овие ракометарки заминат од клубот тогаш колективот на Вардар ќе подглегне на голем играчки ремонт.

Ohridnews