Без голови и без победник заврши пријателскиот натпревар, кој селекциите на Македонија и Австралија го одиграа на „Филип Втори“.
Ремито со далеку подобро рангираниот противник е мала утеха за „црвено жолтите“ по поразот од Белорусија во квалификациите за Европското првенство во Франција.
„Кенгурите“ имаа повеќе од играта и створија неколку прилики, но Мартин Богатинов во првиот и Кристијан Наумоски во вториот дел не дозволија мрежата да се затресе.
Македонската селекција има време од три месеци да се консолидира и подготвена да го дочека гостувањето во Словачка кај истоимената репрезентација.
Мх.П.