Без голови и без победник заврши најголемото англиско дерби помеѓу Ливерпул – Манчестер Јунајтед, кое се одигра на „Енфилд“, во рамките од 18-та рунда во Премиер лигата.
Иако мрежите мируваа, шанси и возбудувања имаше на двете страни.
Првото полувреме помина во знакот на Ливерпул, кој доминацијата ја искористи да креира неколку изгледни прилики. Најблиску до погодок домаќините беа после ударот на Фирмино, кој заврши во рацете на шпанскиот голман Давид де Хеа. „Црвените ѓаволи“ во првите 45 минути се закана само еднаш, преку Бруно Фернандес од слободен удар.
Во второто полувреме Ливерпул продолжи да ја има топката во свои нозе, но гостите од Манчестер ги имаа поубавите прилики за погодок. Благодарание на голманот Алисон Бекер кој ги одбрани ударите на Фернандес и Пол Погба, Ливерпул остана непоразен на „Енфилд“.
Сепак, ремито најмногу отиде во прилог на Манчестер Сити, кој ако победи вечерва против Кристал Палас и во заостанатиот натпревар ќе избие на врвот од табелата во најквалитетната лига во Англија.
- Резултати:
Шефилд – Тотенхем 1-3
Астон Вила – Евертон одложена
Ливерпул – Манчестер Јунајтед 0-0
Манчестер Сити – Кристал Палас
Табела: Манчестер Јунајтед 37, Лестер 35, Ливерпул 34, Тотенхем 33, Манчестер Сити 32..
OhridNews