Според најавите денеска на продажба треба да се најдат 98 единици од кичевската подружница на ЕМО. По барање на  доверителот „Ремис“  ќе се продава опрема, алат, материјали, трафостаница и друг инвентар на „ЕМО“, кои по вторпат ќе бидат понудени во пакет со почетна цена од 63 милиони денари. „ЕМО“ на градежното претпријатие  „Ремис“, му должи 120,4 милиони денари.

Менаџерскиот тим на ЕМО неодамна информираше дека  долгот на компанијата кон градежната фирма „Ремис“ е всушност превземено побарување што го имала Осигурителната компанија „САВА ТАБАК“ од АД ЕМО ОХРИД   за неплатени премии за осигурување од 2004 до 2006 година, односно дека тој долг е од  времето кога со ЕМО раководел претходниот менаџерски тим.

– Меѓу АД ЕМО и друштвата основани од него постои договор за закуп на основните средства така да и покрај евентуалната промена на сопственоста, согласно Договорот за закуп, ЕМО Челично-решеткасти стобови од Кичево и понатаму ќе стопанисува со средствата, односно со 98-те единици во наредните 10 години-велат од компанијата.

OhridNews