Македонската репрезентација за фудбалери до 21 г. со реми 0-0, ги заврши настапите во квалификациите за ЕП 2009.

На последниот меч против Норвешка во Фредерикштад подмладениот состав на Јонуз, извлече реми без голови. Најзаслужен за ремито е голманот Наумовски кој одбрани пенал на почетокот на вториот дел.

Македонија со девет освоени бода во осум натпревари заврши како четврто пласирана на табелата, позади Холандија, Швајцарија и Норвешка.

За добар дел од овие играчи ова беше последниот натпревар во оваа селекција.

М.П.