Македонската јуниорска репрезентација извлече реми 25-25 против Алжир во вториот круг на Светското ракометно првенство.
„Црвено – жолтите“ во Гевгелија разигруваат за што подобар пласман во вториот дел од табелата во новоформираната група П1.
Македонската селекција на полуврметето имаше минус пет, но во финишот на мечот успеаа да го надоместат дефицитот и да ја прекинат серијата порази на Мундијалот.
Резултати
Група П1 – Гевгелија:
Исланд – Казахстан 39:31
Македонија – Алжир 25:25
Група П2 – Виница:
Јапонија – Словенија 35:31
Тајпеј – Австралија 29:24
Денес Македонија игра против Казкастан.