Без победник 1-1 заврши првиот меч од четвртфиналето во Лигата Европа меѓу Динамо Киев и португалската Брага. Тимот на македонскиот интернационалец Горан Попов дојде во предност по пет минути игра преку Јармоленко. Десетина минути подоцна со автоголот на Гушев беше поставен конечниот резултат.
Брага не успеа да ја искористи бројчаната предност по неоправданото исклучување на Андреј Шевченко поради два жолти картони во 62 минута.
На останатите натпревари убедливи победи остварија домаќините кои со една нога се во полуфиналето.
Резултати: Бенфика – ПСВ 4-1, Порто – Спартак 5-1, Виљареал – Твенте 5-1, Динамо К – Брага 1-1. Реванш мечевите се играат за една седмица.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com