Македонскиот ракометен првак Металург одигра само 24-24 против екипата на Порто во второто коло од квалификациите за влез во Лигата на Шампиони.

Најпрецизни во тимот на Лино Червар, беа крилата Златко Мојсовски и Стефче Алушески со по шест постигнати гола.

Одбраната на “металурзите“ немаше решение за расположениот Рикардо Мореира кој седум пати ја тресеше мрежата на нашиот првак.

По поразот од Динамо Минск во првото коло со 27-21 и ремито со Порто , македонскиот првак на коло пред крајот ги загуби шансите за пласман на првото место кое единствено води пласман во елитата.

Динамо беше подобар од Запорожје со 29-28 и во последното коло со два бода предност ќе влезе во директната пресметка против домаќинот Порто.

Ohridnews