Без голови 0-0 заврши српската суперлигашка пресметка меќу Јавор и Смедерево одиграна на  Срц “Билјанини Извори“.

Два тима имаа свои можности но благодарение на голманите мрежите мируваа, додека и ладното време во голема мера не им дозволи да се разиграат.

За Јавор ова беше второ реми на подготовките во Охрид, додека за Смедерево ова беше премиерен меч.


Јавор в сабота ќе ги одмери силите со македонскиот првак Ренова.

 М.П.