Македонскиот шампион Работнички е елиминиран во првото коло од квалификациите за Лигата на Шампиони.

Во реванш мечот на Градски ’романтичарите’ одигра 1-1 против Интер Баку, недоволно за пласман во второто коло.

Кобно за македонскиот шампион е првилото “гол на гости“, биедејќи првиот меч во Баку заврши без голови 0-0.

„Романтичарите“ дојдоа до посакуваната предност во 47 преку преку Крсте Велковски . Недозволено потоа се повлекоа а казната за таквата игра стигна во 76 минута преку Бронислав Червенка .

Македонскиот шампион иако непоразен ги заврши натпреварите во квалификациите во ЛШ во првото коло.

Победникот од овај дво меч Интер од Баку во второто коло ќе игра против Белградски Партизан.

М.П.