Во отсуство на капитенот Лазаров, македонската ракометна репрезентација не успеа да стигне до победа на отварањето на Балканијaдата, која во наредните неколку денови ке се игра во Македонија.
На премиерниот меч избраниците на Илија Темелковски влегоа како фаворити, имавме 9 гола предност, но во финишот селекцијата на Турција се созеде и успеа да се избори за реми 31:31.
Најефикасен на натпреварот беше турскиот репрезентативец, Дане Рамазан со 13 гола. Во нашата селекција најпрецизен беше Александар Јовиќ со 9 погодоци.
Во вториот натпревар репрезентацијата на Србија со 31:30 ја совладаа селекцијата на БиХ.
Денес, во Велес силите ќе ги одмериме со Србија, додека последниот противник на Балканијадата во сабота ќе биде селекцијата на Босна и Херцеговина.
Овие натпревари се добредојдени во пресрет на Јунскиот бараж за ЕП во Хрватска 2009 година. Во баражот Македонија ќе игра против Исланд.