Без победник 1-1 заврши соседската пресметка на прволигашите Ренова и Гостивар одиграна во Охрид. Двете екипи одигра вистински прволигашки натпревар, проследен со многу
шанси за погодок, остри стартови и беспрекорна игра во целиот тек.

„Гипсарите“ со погодокот на Незири поведоа на стартот од вториот дел додека гостиварчани резултатот го изедначија во 70-та минута со голот на Таири.

– Ова ние прв натпревар пред почетокот на сезоната. Се сретнавме со респектабилен протовник, кој ни покажа како се игра во Првата лига. Ние продолжуваме со напорните тренинзи и се надевам дека ќе се преставиме во одлично светло во дебитанската сезона во елитата – рече тренерот на Гостивар, Амир Алаѓиќ.

– Гостивар се покажа како јака и цврста екипа и мислам дека ќе има голем удел во новиот шампионат. Ние одигравме добар натпревар, им дадов шанса на повеќето фудбалери и задоволен сум од нивната престава – потенцираше Ќатип Османи.

Гостивар подготовките ги продолжува во Струга додека Ренова веќе в петок во Охрид ќе се сретне со новиот второлигаш Зајаз.

Мх.П.