Без голови и без победник заврши пресметката помеѓу Милан – Наполи на Сан Сиро во рамките од 21-та рунда во италијанската Серија А.

Последниот натпревар од саботната програма го одбележа голманот на Милан, Џиџи Донарума. Чуварот на мрежата интервенираше сигурно во неколку наврати и не дозволи неговиот состав да прими погодок. Во дресот на Милан дебитираше новото засилување Криштоф Пјатек. Полскиот репрезентивец се најде во една прилика но не успеа да го надмудри Оспина.

Во преостанатите мечеви од денешната програма Сасуоло пред своите гледачи го совлада Каљари со 3-0, додека Сампдорија со 4-0 победи против Удинезе.

OhridNews