Екипите на Пелистер од Битола и Мачва од Шабац одиграа реми 1-1 (1-1) на тест средбата која се одигра на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
Избраниците на Зоран Штерјоски добро му парираа на противникот и поведоа со голот на Фазлиу. Фудбалерите на Мачва на средината од првиот дел ја презедоа контролата на мечот и до крајот успеаја да погодат и измранат резултатот.
Во второто полувреме, тренерите на двете екипи ротираа во составот и темпото опадна. Сепак, шанси имаше. Пелистер се закани преку офанзивните фудбалери, а Мачва во последниот напад ја затресе рамката од голот.
Контролните мечеви во Охрид продолжуваат утре со дуелот помеѓу Ренова и Кораб од Албанија.
OhridNews