Охрид одигра нерешено со Детонит Плачковица на гости во натпреварот од 21 коло од Втората лига. Попладнево на градскиот стадион во Радовиш Детонит Плачковица – ГФК Охрид Лихнидос 1:1. Стрелец на голот за „белите“ беше Филип Ѓоргоски.
Во останатите денешни средби, Вардар со гол во 96 минута ја совлада Локомитава со 1:2 и ја задржа предноста пред Гостивар од четири бода. Средбата се одигра во Кичево поради казната на Локомотива. Победа од 2:4 на гости и славеше Аресими над Борец во Велес, а преостанатите две средби завршија без победник: Караорман – Кожуф 0:0 и Каменица Саса – Тетекс 0:0. Вчера Гостивар – Слога Виница 5:0-и Беса – Беласица 3:0.
Натпреварот Воска Спорт – Пелистер е одложен за 22 март.
На табелата Вардар има 52 бода, Гостивар 48, Воска Спорт 47 (-1), Пелистер 43 (-1). Охрид е седми со 30 бода.
OhridNews
Фото: Архива