Новите членови во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи и Младост од Царев Двор одиграа пријателски натпревар во Охрид кој заврши без победник 2-2.


Двете екипи ги поделија и полувремињата на натпреварот. Скопјани водеа со 2-0 по првиот дел, а „зелените“ израмнија во второто полувреме.


Шкупи и Младост ќе одиграат уште неколку контролни натпревари против Пелистер, Металург и уште некој противник кој ќе биде на подготовки во Охрид.

Мх.П.