Без победник 1-1 заврши контролниот натпревар меѓу Металург и битолски Пелистер одигран на Атина Бојаџи во Охрид.
Убавото време им овозможи одлични услови на фудбалерите да одиграат прав првенствен натпревар.
Битолските „зелено бели“ подобро се снајдоа на стартот од натпреварот и креираа неколку прилики за погодок.
Доминатноста на теренот битолчани ја искористија со погодок од белата точка. Сигурен егзекутор беше Ацевски.
Во вториот дел „металурзите“ уште на почетокот притиснаа и го префрлија тежиштето на игра само на противничката половина.
Скопските фудбалери го израмнија резултатот со европогодокот на Додев на средината од вториот дел. По серијата измени спласна темпото на игра и резултатот заврши нерешен 1-1.
На 17-ти петок во Струга битолските фудбалери ќе се сретнат со Младост Царев Двор, а ден претходно Металург во Охрид ќе ги одмери силите со новиот прволигаш.
Во сабота скопските фудбалери ќе одиграат контролен натпревар со тимот на Љубанци кој минатата сезона се пласираше во второлигашко друштво.
Мх.П.