Фудбалерите на Келн и Мајнц ги поделија бодовите ремизирајќи 2-2 додека минхенски Баерн со 2-0 славеше на гостувањето кај Унион Берлин во мечевите од 26-та рунда во Бундес лигата.

Победата и трите бодови, „баварците“ ги осигураа со по еден погодок во двете полувремиња. Резултатот го отвориРоберт Левандовски од белата точка во 40-та минута. Полскиот голгетер ја исправи грешката на Томас Милер, кој во 20-та минута нереализираше од најстроката казна. На 2-0 зголеми Бенџамин Павард во 81-та минута од натпреварот.

Баерн Минхен го одбрани првиот налет и ја задржа предноста од четири бодови во однос на Борусија Дортмунд. Третопласиран е составот на Борусија Менхенгладбах со два бодови помалку од „милионерите“ односно шест помалку од лидерот, Баерн Минхен.

OhridNews