Екипите на Еурофарм Работник и Охрид ги поделија бодовите во дербито на колото во Супер лигата ремизирајќи 21-21 (10-14) во Битола.
Охриѓани можат да жалат за трите бодови од дербито, бидејќи имаа водство од четири голови на полувремето (14-10), а во финишот влегоа со плус два 21-19.
Домашните ракометари во второто полувреме најдоа начин да ја анулираат предноста од првиот дел (18-18) и успеаја да се извлечат пораз постигнувајќи ги двата последни голови за 21-21.
„Гладијаторите“ со бодот од дербито стигнаа до четвртиот сезонава, додека за „фармацевтите“ ова беше сефте затоа што во првата рунда паузираа.
OhridNews