Без голови и без победник заврши супер дербито меѓу Охрид и Лабуништа во 11-та рунда од Третата македонска фудбалска лига.


Водечките екипи на табелата на Атина Бојаџи понудија добар фудбал, збогатен со неколку изгледни прилики за погодок и борба по целиот дел од теренот.


За перфектен натпревар недостасуваа само погодоци, но гледачите кои го проследија мечот воопшто немаа што да им замерат на фудбалерите кои ги испратија со аплауз.


Домашниот терен останува „слаба страна“ на охридските фудбалери додека Лабуништа сигурно со две раце ќе го прифатеше бодот пред почетокот на дерби мечот.


Во претпоследната рунда од Третата лига, Охрид гостува кај тимот на Лирија додека Лабуништа на домашен терен го пречекува составот на Фљамуртари.

Мх.П.