Сребрената од Мундијалот во Русија, репрезентацијата на Хрватска, одигра реми без голови на отворањето на четвртиот ден од Светското првенство во Катар. Во Рамки на Ф групата, претпладнево, Хрватска – Мароко 0:0.

„Коцкестите“ имаа изгледни шанси за гол во првото полувреме, а најзрелата ја имаше Влашиќ. Во вториот дел цврстата репрезентација на Мароко предводена од Зиеш и Хакими на теренот им создаваше доста проблеми на Хрватите, а се чини дека нерешниот резултат по се видено беше и најреален исход од средбата.

Во рамки на истата група, вечерва од 20 часот се среќаваат Белгија и Канада.

На програмата денес се уште две средби од Е групата. Во тек е натпреварот Германија – Јапонија, а од 17 часот се среќаваат Шпанија и Коста Рика.

Г.М.