Фудбалерите на Охрид ремизираа на домашен терен со Кожуф од Гевгелија во третото коло од Втората лига.

На СРЦ „Билјанини извори“ попладнево мрежите мируваа 90 минути за конечни 0:0. Со ремито Охрид стигна до четвртиот бод сезонава во првенството.

Воска Спорт, пак, беше убедлива на гостувањето во Каменица каде славеше 0:4 во мечот со Саса. Со оваа победа Воска Спорт го задржа стопроцентниот учинок во првенството за максимални 9 бода и прво место на табелата по по три кола.

Втора лига 3 коло

ФК АРЕСИМИ-1973 0 – 1 ФК ПЕЛИСТЕР
ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 0 – 0 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА
ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 1 – 1 ФК ВАРДАР
ФК БОРЕЦ 1919 2 – 4 ФК ТЕТЕКС 1953
ФК КАРАОРМАН 2017 3 – 1 ФК БЕЛАСИЦА
ФК ПЕХЧЕВО Скопје 0 – 0 ФК СЛОГА 1934
ФК КАМЕНИЦА САСА 0 – 4 ФК ВОСКА СПОРТ
ФК БЕСА 1976 1 – 1 КФГ ГОСТИВАР

Во следното, 4 коло, кое на програмата е на 10 септември Воска Спорт дома ја пречекува Беса, а Охрид Лихнидос гостува на Аресими.

Г.М.