Без голови и без победник заврши градската пресметка помеѓу Евертон и Ливерпул на празниот стадион „Гудисон Парк“. Дербито кое секогаш изобилувало со многу жар и борба, остри стартови и црвени картони, голови и тензија, овој пат потфрли и немаше ништо од порано. Очигледно, долгата пауза поради вирусот Ковид -19 оставила голема трага кај фудбалерите.
Важна победа во првата рунда од рестартот на сезоната во Премиер лигата оствари Челси. „Сините“ со пресврт во вториот дел славеа на „Вила Парк“ против Астон Вила со 2-1. Домаќините поведоа со голот на Кортни Хаус во 43-та минута. Кристијан Пулишиќ во 60-та минута изедначи на 1-1, а Оливие Жиру две минути подоцна погоди за 2-1. Тој резултат на крајот се покажа и како конечен.
Во првиот меч од денешната програма Њукасл со 3-0 го совлада Шефилд Јунајтед.
OhridNews