Македонија ремизираше 0-0 против Норвешка во петтиот натпревар од квалификациите за СП 2010 г. во ЈАР. „Црвено – жолтите“ со ремито ја прекинаа серијата од три порази во низа.
Смената на кормилото на македонскиот брод и промената на формацијата не ни донесе победа но покажа дека знаеме и можеме да се надигруваме со противникот.
Офанзивно започнаа нашите, а првата прилика ја имавме преку Стојков кој биеше покрај голот. Добро беше затворен нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев, што пак оставаше простор за другите напаѓачи да продрат. По таков еден пробив Наумоски итро се обиде да го изненади на прва статива Кнудсен но норвешкиот голман беше на место.
Еден од подобрите на теренот дебитантот Деспотовски, го проигра Пандев, кој од свртување биеше, но Кнудсен прво го одби ударот на напаѓачот, а потоа одлично интервенираше на одбиената топка.
Најубавата прилика на мечот ја имаше корпулентиот Џон Кару, кој се ослободи од Митрески и Грначров но млако биеше па Николоски спречи радост на гостите на “Филип II“ .
Темпото на игра во вториот дел и тоа како падна, а новиот селектор Мирсад Јонуз со измената Шумуликоски – Мазнов се обиде уште повеќе да го засили нападот и да го добие мечот. Сепак измената не го даде посакуваниот ефект, бидејќи нашите делуваа дезориентирано во тие моменти. По замените Ристиќ – Наумоски и Стојков – Грозданоски , се стабилизира играта и се поизвесно беше дека мечот ќе заврши без голови.
Но норвежаните нападнаа, а таквата игра остави простор за контра напади. Во 88 минута Пандев одлично прими топка на центарот ја поведе акцијата, го проигра Герогиевски кој веднаш од прва му асистираше на Ристиќ, подскокнаа сите на стдионот и пред малите екрани но “кореанецот“ Ристиќ место топката го подогоди норвешкиот одбранбен играч.
Четирите минути судиско надополнување не донесоа поголеми возбудувања по што мечот заврши онака како започна 0-0.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com