Доцно дело на Рембрант кое го претставува апостолот Свети Јаков Постариот, продадено е минатата недела за 25,8 милиони долари за аукција во Сотби (Sotheby) во Њујорк, објави таа аукциска куќа.

Купувачот сакал да остане анонимен. 


„Св. Јаков“ за 26 милиони долари

Сотби ја проценил сликата на холандскиот мајстор меѓу 18 и 25 милиони долари. Била насликана во 1661, осум години пред неговата смрт.
Тоа големо и мрачно дело (92х75цм) се појавило во тешко раздобје од животот на сликарот. Во 1656 година Рембрант морал да ја напушти куќата и во тој период направил низа од ликови на апостоли и евангелисти претставени до појас во природна големина.

Рекордот на аукција за Рембрант го држи платното „Портрет на 62-годишна жена“, кое е продадено кај Кристи (Christi), Лондон во декември 2000 година за 28,7 милиони долари.


Најаскапиот Рембрант досега: Портрет на жена

На насловна е автопортрет на Рембрант од 1629, дело изложено во музејот во Хаг.

ХиНа

С. Костоски